Американскиот Cimline P5 е специјален камион за поправка на дупки кој го управува само една личност, без да излегува од кабината. Секоја санација трае околу две минути, а технологијата DuraPatcher се претставува како потрајно решение.
Проблемот со дупките на патиштата е вечна тема, но една американска технологија ветува побрзи и потрајни поправки. Станува збор за Cimline P5 – камион за санација на дупки кој го управува само еден оператор.
Според описот, возачот не мора да излегува од кабината. Со контрола налик џојстик, операторот ја чисти дупката, нанесува асфалтна емулзија и потоа додава агрегатен слој. Целиот процес може да заврши за околу две минути по оштетување.
Моделот P5 е базиран на Isuzu камион, а моментално е во употреба во Тексас. Локални власти во неколку места во САД веќе ја нарекуваат технологијата „трајно решение“ за проблемот со дупките, бидејќи наводно не бара повторни интервенции по неколку месеци.
Системот користи голема млазница и резервоар со асфалтна емулзија што се загрева пред нанесување, со цел материјалот подобро да се врзе за подлогата.









