недела, 26 февруари, 2026 година

Wizz Air со седми авион во Скопје – летово следи рекорден број летови

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во екот на летната сезона, Виз ер се очекува да реализира околу 150 неделни полетувања од Скопје кон 35 дестинации. Тоа е значително зголемување во однос на минатата година и јасен сигнал дека компанијата го засилува присуството на македонскиот пазар.

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air во Скопје ќе има седми авион како своја база во шпицот на летната сезона 2026, со што значително ќе го зголеми бројот на летови од скопскиот аеродром. Дополнителниот авион ќе биде ангажиран во периодот од средината на јули до средината на септември, кога побарувачката за патувања е највисока.

- Advertisement -

Според објавените информации, станува збор за авион од типот Airbus A321neo со капацитет од 239 седишта, што ќе овозможи дополнителен простор за патници и поголема флексибилност во летниот ред на летање.

Со ова засилување, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите на 13 постоечки линии од Скопје. Најголемо зголемување е најавено за Дортмунд, каде што ќе има уште три неделни лета, а повеќе летови се планирани и кон Берлин, Малме, Шарлроа, Баден Баден, Хамбург, Хан, Љубљана, Стокхолм, Фридрихсхафен, Малта, Сандефјорд и Тревизо.

Паралелно со ова, за летната сезона се најавени и нови сезонски линии од Скопје до Палермо и Алгеро, што дополнително ја проширува понудата за патниците и ја зајакнува поврзаноста со Италија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја