петок, 25 декември, 2025 година

Ова Ferrari може да надмине 60 милиони евра на аукција!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Едeн од најлегендарните спортски автомобили во историјата, Ferrari 250 GTO, повторно е во фокус – овој пат по исклучително редок примерок наречен „Bianco Speciale“, единствениот 250 GTO кој фабрички е испорачан во бела боја. Автомобилот со шасија 3729GT ќе се најде на аукција во Мајами од 6 до 18 јануари 2026, а проценките велат дека цената може да надмине 60 милиони евра.

Ferrari 250 GTO многумина ја сметаат за „ултимативен“ автомобил. Меѓу 1962 и 1964 година се произведени помалку од 40 примероци, конструирани како оружје за трките во GT шампионатите – совршен спој од рафинирана аеродинамика и легендарна механика.

- Advertisement -

Под долгата алуминиумска хауба се наоѓа 3,0 литарски V12 мотор Tipo 168/62 Comp, со околу 300 КС и мануелен менувач со пет степени, комбинација што во своето време нудела извонредни перформанси и издржливост во трките.

Овој конкретен автомобил е единствениот 250 GTO испорачан нов во бела боја – специјална нијанса Bianco Speciale, по желба на првиот сопственик, Британецот John Coombs, познат тркачки тим сопственик и длабок познавач на моторспортот. Тој нарачал и неколку функционални измени кои и денес се видливи: дополнителни отвори на хаубата, трета решетка за воздух на крилото и цевка за вентилација на кабината поврзана со едно од предните светла. Овие детали јасно покажуваат дека автомобилот бил правен за вистинска тркачка употреба, а не за статичен експонат.

„Bianco Speciale“ има богато тркачко досие. Настапувала на врвни европски и британски патеки, освојувајќи победи во класата и бројни втори места. Зад воланот седеле легенди како Греем Хил, Мајк Перкс, Рој Салватори, Ричи Гинтер. Во 1962 и 1963 година автомобилот завршил втор во генерален пласман на RAC Tourist Trophy на Goodwood, трка која била дел од FIA GT шампионатот и директно придонела за светските титули на Ferrari. Толку била напредна што Jaguar накратко ја позајмил за споредбени тестови со сопствената E-Type – по кои и Британците морале да признаат јасна предност на GTO.

Она што ја издвојува оваа 250 GTO од многу други класични автомобили е фактот што никогаш не била агресивно реставрирана. Наместо тоа, внимателно е одржувана и поправана само кога било нужно, па денес има ниво на оригиналност што ретко се среќава. Тоа е потврдено и со Ferrari Classiche Red Book сертификат, еден од најпрестижните документи кога станува збор за автентичност на класични Ferrari модели.

Сите овие фактори – единствената бела фабричка боја, тркачкото педигре, славните возачи, историјата на сопственици и извонредната оригиналност – ја прават Ferrari 250 GTO „Bianco Speciale“ не само автомобил, туку подвижно уметничко дело и еден од најпосакуваните колекционерски примероци во светот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја