сабота, 25 декември, 2025 година

Норвешка гради тунел 400 метри под површината!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Норвешка во моментов ја изведува една од најамбициозните градежни операции во својата историја – подморскиот патен тунел Rogfast, кој кога ќе биде готов ќе стане најдолгиот и најдлабокиот патен тунел под море во светот. Тунелот ќе биде долг околу 26,7 – 27 километри, а на најдлабоката точка ќе минува речиси 400 метри под нивото на морето, под норвешкиот фјорд Boknafjord.

Проектот се проценува на повеќе од 20,6 милијарди норвешки круни, што е околу 1,7 милијарди евра, а целта е да се отвори за сообраќај на почетокот на следната деценија.

- Advertisement -

Rogfast (Rogaland Fixed Link) е дел од идниот автопат Е39, кој треба да го поврзе југот и северот на Норвешка без ниту еден траект по патот. Тунелот ќе ги поврзува општините Randaberg и Bokn, директно под Boknafjord, а ќе има две одвоени цевки со по две коловозни ленти во секој правец.

Возењето низ тунелот ќе трае околу 35 минути, а новата врска ќе ја елиминира потребата од траекти на оваа релација и значително ќе го скрати патувањето меѓу Stavanger и Bergen, како и долж целата крајбрежна рута Е39. Според норвешките власти, Rogfast ќе го намали времето на патување меѓу двата града за околу 40 минути, а во рамки на целосната модернизација на Е39, патувањето Trondheim – Kristiansand треба да се преполови.

Градежните работи на Rogfast официјално започнаа во 2018 година, но во 2019 проектот беше привремено стопиран поради нагло зголемување на трошоците. По ревизија и нова финансиска конструкција, работите повторно продолжија во 2021 година и оттогаш се одвиваат без прекин, 24 часа дневно.

Сега целта е тунелот да се отвори за сообраќај околу 2031 година, а целосно да биде завршен и интегриран во мрежата до 2033 година.

Работите се изведуваат со комбинирана техника на дупчење и минирање во исклучително тврда карпа, со низа подземни раскрсници, сервисни простории и вентилациски шахти.

Кога ќе биде завршен, Rogfast ќе држи неколку светски рекорди одеднаш:
– најдолг подморски патен тунел во светот – околу 27 км
– најдлабок патен тунел, со максимална длабочина од околу 392 м под морското ниво
– еден од најдолгите четирилентни патни тунели воопшто

Овие екстреми носат и сериозни инженерски предизвици: огромен воден притисок, потреба од моќни вентилациски системи, специјални изолации и сигурносни решенија за случај на пожар или несреќа. Тунелот ќе има одделни сигурносни простории, попречни коридори меѓу двете цевки, системи за детекција на чад и интелигентно управување со сообраќајот.

Rogfast треба да стане клучна алка во планот да се елиминираат траектите по должината на Е39 и да се претвори оваа рута во вистински копнен автопат – побрз, поефикасен и поизводлив за модерна логистика. Очекувањата се тунелот да придонесе за посилно економско поврзување на регионите, побрз транспорт на стока и полесно движење на луѓето, вклучително и туристи.

Последниве месеци Rogfast не е само норвешка приказна. Проектот стана глобална тема, со текстови и видеа во европски и светски медиуми кои го претставуваат како пример за тоа како географијата и екстремните природни услови можат да се „надмудрат“ со инженерство, визија и упорност.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја