понеделник, 25 декември, 2025 година

Mercedes во тешка битка на кинескиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Mercedes се соочува со сè поостра конкуренција на кинескиот пазар, а првиот човек на компанијата, Ола Кaлениус, отворено признава дека условите таму нема да станат полесни. Напротив, борбата за пазарен удел ќе се заострува и во наредните години.

„По завршувањето на пандемијата се гледа дека пазарната динамика повеќе не е онаква каква што беше пред 15 – 20 години. Покрај тоа, постои неверојатно интензивна конкуренција. На пазарот се натпреваруваат околу 100 производители на автомобили, а реално има место за 30 до 40“, изјави Келениус, најавувајќи дека следи сериозна „прочистувачка“ фаза во кинеската авто индустрија.

- Advertisement -

И покрај тоа, Mercedes не се откажува од амбициите. „Не сакаме 100 проценти од пазарот, туку наш стабилен удел. Со добра производна стратегија и правилна стратегија за индустријализација, реално е тој удел да го задржиме, па дури и да го зголемиме“, вели Келениус. Но додава и предупредување: компанијата мора да стане „повеќе кинеска“ – со повеќе локален развој, модели и технологии наменети конкретно за кинеските купувачи, според принципот „In China for China“.

Кина и понатаму е најголемиот поединечен пазар за Mercedes, пред Европа и Северна Америка. Но бројките покажуваат колку ситуацијата е предизвикувачка: во третото тримесечје од 2025 година брендот продал 125.100 автомобили во Кина, што е пад од 27 проценти во однос на истиот период претходната година, додека главниот ривал BMW бележи многу помал пад или стагнација.

Во исто време, кинеските премиум и електрични брендови агресивно освојуваат пазар – со пониски цени, брз развој на нови модели и силна локална поддршка. Премиум сегментот во Кина е силно напрегнат, а странските производители, особено европските, бележат значајни падови во продажбата, иако учеството на електрифицираните модели во вкупната продажба на Mercedes таму расте и веќе сочинува над половина од испораките.

Келениус очекува високото ниво на конкуренција да остане барем уште неколку години, до моментот кога пазарот ќе се консолидира и дел од помалите или послаби брендови ќе исчезнат. До тогаш, стратегијата на Mercedes е јасна: силен фокус на локален развој, адаптација на понудата кон кинеските вкусови и одржување на профитабилноста во услови на жесток ценовен притисок.

Компанијата отворено признава дека Кина останува клучно бојно поле – и за продажба, и за технологија, и за идниот имиџ на брендот. За Mercedes, успехот или неуспехот во Кина ќе биде директно поврзан со неговата глобална позиција во премиум сегментот во годините што доаѓаат.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја