понеделник, 25 декември, 2025 година

MAN ќе укине 2.300 работни места во Германија – производството постепено се сели во Полска

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Производителот на камиони и автобуси MAN најави дека во наредните десет години ќе укине околу 2.300 работни места во Германија, како дел од планот за преструктурирање и прилагодување кон слабата побарувачка на пазарот.

Од компанијата нагласуваат дека работниците нема да добијат откази, туку дека ќе се применува природно намалување на бројот на вработени – местата ќе се гасат постепено, како што вработените заминуваат во пензија.

- Advertisement -

Најмногу отпуштања во Минхен
Најголемиот удар ќе го почувствува главниот погон на MAN во Минхен, каде ќе бидат укинати околу 1.300 работни места. Во фабриката во Салцгитер ќе се изгубат 600, а во Нирнберг уште 400 позиции.

Портпаролот на компанијата објасни дека MAN мора да се „прилагоди на постојано слабиот пазар на камиони во Германија“, како и на високите трошоци за електрична енергија и труд, и сè посилната конкуренција од Азија.

„Влегуваме во фаза на големи инвестиции и мора да останеме профитабилни на долг рок за да го прошириме нашиот производствен портфолио,“ изјавија од MAN.

Синдикатите предупредуваат на последици
Германскиот синдикат IG Metall предупреди дека овие промени ќе имаат долгорочни последици за фабриките во Германија, особено со оглед на тоа што MAN планира да го прошири производството во новата фабрика во Полска, управувана од матичната Traton Group.

Претставничката на синдикатот Сибиле Ванкел изјави дека тоа го загрозува опстанокот на главниот погон во Минхен.

„Денес никој нема да остане без работа, но на долг рок ова значи дека камионите MAN во иднина ќе се произведуваат во Полска, а не во Минхен,“ рече Ванкел.

Таа предупреди дека, ако сите делови на камионите се произведуваат во Полска, а во Германија се врши само финалната монтажа, ќе дојде момент кога ќе се постави прашањето дали има смисла фабриката во Минхен да продолжи да постои.

Работниците најавуваат отпор
Претставничката на работничкиот совет Карина Шнур изјави дека е „шокирана“ од однесувањето на раководството на MAN, обвинувајќи ја управата дека не сака да разговара за алтернативни решенија.

„Ова е плеска во лицето за сите вработени кои секојдневно го даваат својот максимум,“ додаде Шнур.

Синдикалниот лидер Хорст От од IG Metall најави дека ќе бара итни преговори со управата, но предупреди дека синдикатот е подготвен и на порадикални чекори, доколку тоа биде потребно.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја