недела, 25 декември, 2025 година

ЕУ се „пишмани“: После 2035 бензинци и дизели ќе продолжат да се продаваат – но само за …

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европската унија се подготвува за голем пресврт во климатската политика и автомобилската регулатива. Иако досегашниот план предвидуваше целосна забрана на нови бензинци и дизели од 2035 година, најновите информации од Брисел укажуваат дека ова правило повеќе нема да важи исто за сите.

Според германските медиуми, Европската комисија разгледува компромис што целосно го менува контекстот:
* Приватните купувачи и по 2035 година ќе може да купуваат нови возила со мотори на внатрешно согорување.
* Компаниите, службените флоти и рент-а-кар фирмите ќе бидат тие што ќе мораат забрзано да преминат на електричен погон.

- Advertisement -

Овој пресврт произлегува од фактот дека службените и деловните возила сочинуваат околу 60% од сите нови регистрации во ЕУ, а моментално само 12,4% од нив се електрични. Новата стратегија би ја пренасочила тежината кон тој сегмент, со строги квоти:

  • До 2027 година: најмалку 50% нови службени возила да бидат електрични

  • До 2030 година: дури 90%, а се дискутирало и за 100% електрификација

Со ова, ЕУ се обидува да ја намали притиснатоста врз приватните граѓани, а притоа да ја задржи амбицијата за декарбонизација. Во тек се и преговори за тоа дали plug-in хибридите и возилата со range-extender да се класифицираат како возила со „нулта емисија“, што би им ги олеснило обврските на деловните флоти.

Паралелно, Комисијата разгледува идеја земјите членки да добијат поголема автономија во спроведувањето – преку даночни олеснувања, стимулации и локални регулативи. Германија веќе има таков модел со значително пониски даноци за електричните службени возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја