Dacia уште еднаш го потврдува она што многумина одамна го знаат – кога станува збор за вкупни трошоци на користење, Романците немаат конкуренција во Европа. Најновата студија на германскиот автомобилски клуб ADAC го потврдува тоа, ставајќи ги сите модели на Dacia на врвот во своите категории, со убедливо најниски трошоци на сопственост.
Иако е рано за точни продажни бројки за новиот Dacia Bigster, брендот е решен да покаже дека нивниот најголем SUV е вистинскиот избор за европските купувачи. Но најсилниот аргумент не се ниту моторите, ниту опремата — туку реалните трошоци на користење, кои за многу возачи се пресудни при купување нов автомобил.
ADAC ги пресмета бројките — резултатот е импресивен
Студијата опфаќа огромен број модели на европскиот пазар, а пресметките се направени за период од 5 години и 75.000 километри. ADAC ги зема предвид сите клучни параметри:
- амортизација
- потрошувачка на гориво
- редовно одржување
- гуми
- даноци и осигурување
Dacia Bigster излегува како најевтин модел во својот сегмент:
- 42,2 евро центи/км за MHEV верзијата со 140 КС
- 49,8 евро центи/км за хибридната верзија со 130 КС и погон 4×4
Bigster е толку исплатлив што е поевтин за дури 18,4 центи/km од второпласираниот модел во сегментот. За пет години, сопствениците заштедуваат околу 13.800 евра, бројка која е типична за автомобили од Б-сегментот, а не за SUV од C-сегмент.
И другите модели на Dacia се лидери
ADAC потврдува дека целата гама е на врвот по економичност:
- Spring: 35,4 центи/км
- Sandero: 34,9 центи/км
- Jogger: 42,9 центи/км
- Duster: 44,4 центи/км
Bigster – најголемиот, најмодерниот и најскапиот Dacia досега
И покрај тоа што е најскапиот модел што брендот некогаш го понудил, Bigster и понатаму останува верен на принципите на Dacia. SUV-от долг 4,57 метри е значително поголем од Duster (за 23 см), нуди многу простор и е насочен кон големи семејства.
При тоа, купувачите денес можат да земат целосно опремен Bigster по цена на основна верзија кај конкуренцијата — и сè уште да им остане буџет за одмор.









