Со моќност од 588 kW (800 КС), 800 Nm вртежен момент, забрзување од 0 до 100 km/h за 2,0 секунди и максимална брзина од 320 кm/h, ова е Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo. Таа е олицетворение на чисти перформанси и електрична иднина на GSE. Од својата светска премиера, концептот со високи перформанси ја воодушевува публиката и е првиот концепт автомобил на Opel што ги спојува реалниот и дигиталниот свет.
Но, како една идеја се претвори во толку импресивен концепт? Во возбудлива серија видеа на социјалните медиуми, Opel сега ѝ дава на заедницата ексклузивни увиди во процесот на развој на револуционерниот концепт автомобил (епизоди од 1 до 3). Во епизодите од 4 до 6, одговорните го покажуваат зачудувачкиот јавен одѕив што Corsa GSE Vision Gran Turismo го доби за време на своите први појавувања на IAA Mobility во Минхен и Gran Turismo World Series во Берлин. Накратко: OMG! Како една идеја стана олицетворение на GSE.
„Постоеше постојано барање за повеќе воодушевување, за возбуда, за перформанси. И со тоа што го подигаме GSE на повисоко ниво, ние одговараме на заедницата на Opel“, рече потпретседателката за маркетинг на Opel, Rebecca Reinermann, во видеото. Opel успешно демонстрира RACE и DRIVE во електричните рели-трки со години. Но, сè уште недостасуваше едно: PLAY! Значи, задачата беше да се освои светот на игрите, со концепт автомобил кој мораше да биде извонреден во секој поглед и во исто време базиран на легендарен модел на Opel. Така се роди идејата за Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo.
Episode 2: “Tајните на OMG! Концепт автомобил”
Но, како да се оживее? На крајот на краиштата, Opel отвораше нови патеки во неколку аспекти со својот најнов концепт. Opel дизајнираше многу сензационални студии, но никогаш чисто тркачки автомобил. А скокот од дигиталниот во реалниот свет беше исто така нов. „Целиот тим беше возбуден и спремен за работа. Навистина сакавме да ги поместиме границите“, објасни главниот дизајнер на напредни концепти, Florian Theis. Првично, обемна развојна работа беше извршена во виртуелна реалност пред физичкиот дизајн да се оформи и вистинското возило, направено од лесни материјали, конечно да може да се склопи.
Епизода 3: “OMG! Поглед на дизајнот”
Потоа дојде моментот: раководителите на Opel можеа за прв пат да го видат готовиот концепт автомобил. „О Боже! Супер емотивен момент“, сумираше Florian Theis. Попрецизно, поелегантно, потехничко и уште поемотивно: сите дизајнерски цели што се стремеа за време на процесот на развој беа постигнати. Тие придонесуваат за неспоредливите перформанси на оваа студија со високи перформанси. Она што ја прави посебна е тоа што сите детали можат да се видат и доживеат не само во реалниот свет, туку и во дигиталниот свет на Gran Turismo 7, еден од водечките светски тркачки симулатори. Понатаму, Corsa GSE Vision Gran Turismo ја најавува следната генерација возила на Opel.
Епизода 4: “IAA: OMG! Светска премиера”
„Ова е одличнен момент, моментот на кој сите работевме повеќе од една година, кога конечно можеме да го откриеме автомобилот и да го покажеме пред целата публика.“ Возбудата истакната од извршниот директор на Opel, Florian Huettl, на светската премиера на Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo на IAA Mobility 2025, вредеше. Реакцијата на медиумите и јавноста на премиерите на GSE во Минхен беше огромна! Ова се однесуваше и на уникатниот штанд на Opel во центарот на градот, кој спои вистински возила со дигиталниот свет на Gran Turismo 7. Накратко: „Овој автомобил Ви го забрзува пулсот. Широко Ви ги отвара очите. Социјалните медиуми полудуваа.
Eпизода 5: “Во внатрешноста на Gran Turismo: OMG! World Series”
По IAA Mobility следеше Gran Turismo World Series во Берлин. И таму, Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, ги воодушеви присутните, токму во срцето на меѓународниот настан за игри и социјални медиуми. Совршено место за да се демонстрира како реалниот и физичкиот свет се спојуваат и разгоруваат емоции. „Нешто што никогаш не сум го доживеал. Извонредно, рече еден посетител, сумирајќи го совршено. А извршниот директор на Opel, Huettl е сигурен: „Отворивме свет на нови можности!“
Eпизода 6: “Во внатрешноста на Gran Turismo: OMG! Coработка”
Во соработката со Gran Turismo, Opel успешно и храбро почна да чекори по нови патеки, како што покажуваат реакциите на гејмерите и сите останати на саемот. Како што изјави легендата за игри и продуцентот на серијата Gran Turismo, Kazunori Yamauchi: „Проектот Vision Gran Turismo започна пред 12 години. И во неодамнешните напори за Vision Gran Turismo, размислуваме какви треба да бидат автомобилите во иднина заедно со производителите на автомобили. Во врска со овој Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, мојот впечаток е дека станува збор за многу реалистичен дизајн.“ Во овој поглед, најновата студија за високи перформанси од Rüsselsheim веќе овозможува чекор увид кон иднината на GSE и претстојните модели на Opel. Мисијата е исполнета!









