сабота, 25 декември, 2025 година

Ма какви царини и политика: Америкаците сакаат да купат кинеско возило

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Иако на американските патишта сè уште нема ниту еден официјално достапен кинески автомобил, интересот на потрошувачите за брендовите од Кина расте со изненадувачка брзина. Новото истражување на AutoPacific покажува дека Американците сè повеќе се подготвени да размислат околу купување возило од производители како Huawei, Xiaomi и BYD, и покрај високите царини, политичките ограничувања и сомнежите поврзани со националната безбедност.

Во 2025 година, 65% од испитаниците изјавиле дека слушнале за некој кинески автомобилски бренд, што е значителен пораст во однос на 52% минатата година. Истовремено, процентот на оние кои би разгледале купување кинеско возило пораснал од 41% на 52%.
Најголем интерес покажале за Huawei, кој го би го избрале 27% од испитаниците, потоа Xiaomi со 23% и BYD со 19%. Брендовите Great Wall Motors, Geely и Nio добиле помеѓу 13 и 16 проценти поддршка.

- Advertisement -

Иако загриженоста за заштита на личните податоци и националната безбедност останува висока, таа постепено опаѓа. Стравот од можни безбедносни ризици се намалил од 80% на 77%, а грижите околу националната безбедност од 82% на 79%.

Според Роби ДеГраф од AutoPacific, зголемувањето на свесноста за кинеските брендови се должи на растечката медиумска покриеност и на директните искуства на потрошувачите, како и на појавата на бројни видеа и тестови на социјалните мрежи кои прикажуваат дека автомобилите произведени во Кина веќе нудат квалитет и технологија споредлива со западните конкуренти.

Кинеските производители во минатото беа познати по копирање западни модели и по сомнителен квалитет, но во последните години Кина стана светски лидер во електричната мобилност. Денес нивните автомобили се препознаваат по технолошка иновативност, пристапна цена и напредни системи за автономно возење. Западните медиуми, кои порано беа скептични, сè повеќе признаваат дека Кина постигна значителен напредок и ја поттикнува конкуренцијата во индустријата.

И покрај тоа, американската влада и натаму го ограничува влезот на кинески автомобили на својот пазар со високи царини, кои надминуваат 100%, како и со забрани за возила кои користат кинески софтвер или електронски компоненти, под изговор на национална безбедност.

Сепак, овие бариери не го спречуваат ширењето на кинеското влијание – преку медиумите, технолошките брендови и глобалните пазари. Многу Американци веќе имаат позитивно мислење за BYD, Huawei и Xiaomi преку нивните мобилни уреди и паметна технологија, што создава емоционална и технолошка поврзаност со тие компании.

Иако моментално нема изгледи за официјален увоз на кинески автомобили во САД, експертите предупредуваат дека, ако тоа се случи, успехот е речиси неизбежен. Кога Кина конечно ќе се појави на американскиот пазар, голем дел од потрошувачите веќе ќе бидат подготвени и заинтересирани да ги прифатат овие возила. Кинеските автомобили можеби сè уште го „прогонуваат наративот“ на американската автомобилска индустрија, но изгледа дека наскоро би можеле да станат дел од неа.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја