петок, 25 ноември, 2025 година

Крај за хартиените карти за лет: Ryanair целосно преминува на дигитални boarding pass

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од 12 ноември ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair воведува голема промена – хартиените карти за лет заминуваат во историјата. Патниците ќе можат да се чекираат и да се качуваат во авион исклучиво со дигитални boarding pass-ови генерирани преку мобилната апликација „myRyanair“.

Брзо, едноставно и „зелено“ патување

Според податоците на авиокомпанијата, веќе 80% од патниците користат дигитални карти, па компанијата смета дека овој потег ќе донесе побрз процес на чекирање, поедноставено искуство за патниците и значителни придобивки во однос на заштита на животната средина.

- Advertisement -

Новата апликација нема да биде само замена за хартиениот билет – таа ќе овозможи прачување храна и пијалаци директно од седиштето, следење на информации за летот во реално време, како и брзи известувања во случај на доцнење или промени во распоредот.

Одложен старт заради празници

Првично, дигиталниот преод беше закажан за 3 ноември, но Ryanair ја помести датата за 12 ноември за да избегне евентуални гужви и проблеми за време на училишните распусти и периодот на засилен авионски сообраќај.

Прашањето без одговор: Што со патниците без смартфон?

Најголемата дилема останува – како ќе патуваат возрасните лица и оние кои немаат паметни телефони или не се снаоѓаат со дигитални технологии? Засега, Ryanair во официјалното соопштение не понуди детални упатства за вакви случаи, ниту најави алтернативни решенија.

Експерти за авијација предупредуваат дека компанијата ќе мора да изнајде начин да им излезе во пресрет на овие патници, бидејќи целосната дигитализација, иако практична, може да создаде бариери за дел од клиентите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја