Се продава редок Aston Martin V12 Speedster – ќе има милионска сума

ОБЈАВЕНО НА:

Проценетата вредност на овој автомобил со отворен кокпит и две седишта се движи од 780.000 до 1.080.000 евра.
Овој автомобил нормално може да достигне брзина до 317 km/h, а го придвижува 5,2-литарски „twin turbo“ V12 мотор кој произведува 690 коњски сили и 755 Nm. Погонот е на задните тркала и може да забрза до 100 km/h за само три и пол секунди.

Инаку, ова е 61-от примерок од само 88 Aston Martin V12 Speedster со отворен кокпит и две седишта. Досега беше „во рацете“ на само едно семејство и помина само 46 километри. Идниот сопственик на овој автомобил ќе има пристап и до придружната опрема: книшки и пар зелени кациги.

Дизајнот беше инспириран од легендарниот модел на Aston Martin DBR1 кој победи на трката „24 часа Ле Ман“ во 1959 година. Моделот DBR1 управуван од Керол Шелби и Рој Салвадори останува икона на автомобилската историја, а овој дух на наследство се рефлектира во дизајнот на V12 Speedster. Чувството е исто, се промени само дизајнот и времето во кое ќе се вози овој автомобил. Aston Martin доаѓа во зелена нане, со бели кругови на хаубата и страните на автомобилот и кожни акценти. Во тие тонови се и кацигите кои одат со автомобилот, а она што особено привлекува внимание е тоа што нема покрив.

Се очекува да се продаде до 23 ноември, кога ќе се затвори аукцијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK