Kia EV9 постигна двојна победа во изборт на на „Светски автомобил на годината“ за 2024. При објавата на веста, KIA ја доби главната награда и плус избрана за „Светско електрично возило“.
Во изборот учествуваа 100 угледни автомобилски новинари кои претставуваат 29 земји, и оваа награда го потврдува иновативниот дизајн, пространата внатрешност со седум седишта и конкурентната цена на Kia EV9.
Базиран на платформата E-GMP, EV9 е првата Kia која има технологија за батерии од четвртата генерација за подобрени перформанси.
Возилата што конкурираат за наградата за „Светски автомобил на годината“ мора да се произведуваат во волумен од најмалку 10.000 единици годишно, мора да има цена под нивото на луксузни автомобили на нивните примарни пазари и мора да биде „на продажба“ на најмалку два големи пазари (Кина, Европа, Индија, Јапонија, Кореја, Латинска Америка, САД) на најмалку два одделни
континенти во одредено време во периодот од 1 јануари 2023 година и 30 март 2024 година.
Кои се доби награди на изборот за „Светски автомобил на годината“
*KIA EV9 – 2024 WORLD CAR OF THE YEAR
*BMW 5 SERIES / i5 – 2024 WORLD LUXURY CAR
* IONIQ 5 N – 2024 WORLD PERFORMANCE CAR
*KIA EV9 – 2024 WORLD ELECTRIC VEHICLE
* VOLVO EX30 – 2024 WORLD URBAN CAR
* TOYOTA PRIUS – 2023 WORLD CAR DESIGN OF THE YEAR