Есенските дождови се најопасни: Подобро дефанзивно возење отколку „лизгање“

ОБЈАВЕНО НА:

Крајот на летото и почетокот на есента особено е опасно време во годината, бидејќи нагло и често се менуваат временските услови, и лесно може да го изненадат возачот.

Бројните истражувања покажуваат дека по летните одмори, многу брзо се зголемува ризикот за тешки сообраќајни несреќи, па често и мало невнимание е доволно да дојде до трагедија. Критични се ноќите во време на викендите, и времето кога децата заминуваат на училиште или се враќаат. Тогаш треба да се зголеми вниманието, заради себе, но и другите учесници во сообраќајот.

Крајот на летото и почетокот на есента особено е опасно време во годината, бидејќи нагло и често се менуваат временските услови, и лесно може да го изненадат возачот. А тој е навикнат на возење по загреан и сув асфалт, па кога ќе дојде коловоз полн со вода или нечистотија лесно ја губи контролата над управувачот. Речиси сите автомобили се уште се на летни гуми, кои не „прилепуваат“ добро со подлогата кога истата е лизгава па тоа дополнително ја влошува безбедноста. Патот на сопирање на возилото се продолжува, а при пребрзо влегување во свиоците тешко е да се одржи возилото на вистинската линија на движење.

Дефанзивното возење, без ненадејни забрзувања и сопирања се препорачуваат во текот на целата година, а особено во овој период од годината кога во сообраќајот има многу невнимателни и неумерени возачи. На тој начин истовремено се намалува и потрошувачката на гориво, а се штедат и виталните делови на автомобилот. Треба подеднакво да се води сметка за своето возење, но и да се внимава на возењето и реакциите на другите учесници во сообраќајот (возила и пешаци). Вистински возач во секој момент знае што се случува околу сите страни на возилото.

Уште поважно е да се внимава на пешаците (особено децата) кои претрчуваат или често се движат на самиот раб од улицата. Особено внимателно треба да се вози во близина на автобуските постројки, и никогаш немојте да престигнувате застанат автобус. Многумина преку лето забораваат на одржувањето на возилото, а а само еден погрешен притисок во гумите може да биде извор на неволји и проблеми на патот.

Затоа втората половина на септември е вистински момент за темелен преглед на автомобилот. За многумина заминувањето на технички преглед е само кога се мора, и не се помислува на превенција, која е честа во европските земји.

Тоа може да спаси животи или барем а ве поштеди од непријатности, а со пронаоѓањето на неправилностите и дефектите во рана фаза се намалуваат и трошоците за одржување на автомобилот. За подобрување на безбедносните услови на крајот од летото не треба секогаш да се обвинуваат само возачите, бидејќи и на службите за одржување исто така им треба време за привикнување.


Сувите лисја носат неволји

Насобраните влажни лисја на коловозот можат да бидат опасни исто како и поледицата, предизвикувајќи пролизгување, особено при сопирање, а возните својства ги отежнуваат и сувите лисја. Токму поради тоа треба да се биде особено претпазлив на патиштата кои нередовно се чистат и во близина на пешачките премини и острите свиоци. Се почестите наноси на лисја на патиштата покажуваат дека есента е длабоко навлезена.

Навлажнетите лисја паднати на улиците можат да бидат исти како и поледицата, а најголем проблем е што малкумина водат сметка за тоа. Доволно е едното тркало да наиде на влажни лисја, па автомобилот да направи пируета.

Само неколку навлажнети лисја можат осетно да го продолжат патот на сопирање на возилото во случај на ненадејно притискање на педалот. Особено се опасни ноќите и влажните утра

Забрзува зарѓувањето на каросеријата

Иако звучи чудно, лисјата може да го забрзаат зарѓувањето на автомобилот! Насобрани лисја во жлебовите под хаубата или калниците ја задржуваат влагата, а можат и да ги затнат одводните канали. Тогаш влагата останува во внатрешноста на каросеријата, што предизвикува создавање на ‘рѓа. Лисјата може да влезат и во системот за вентилација и да го отежнува проветрувањето. Често се задржува пред ладилникот, а може да ја поремети работата на вентилаторот.

Ниту лимаријата на возилата не ги сакаат лисјата, зашто оставаат флеки. Ако на влажно време лисјата останат подолго на каросеријата оставаат незгодни флеки. Затоа треба да се отстрануваат почесто, а при миење да се прегледаат и темелно исчистат сите жлебови и места на кои лисјата се задржуваат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK