Nissan Motor Co објави дека компанијата потпишала нов тригодишен договор за продолжување на глобалното партнерство со УЕФА за фудбалската лига на шампионите вклучувајќи го и УЕФА Супер Куп.
Новиот договор меѓу двете страни доаѓа пред првиот натпревар од сезоната 2017/2018 на УЕФА лигата на шампионите и според него, јапонскиот производител ќе продолжи да биде официјален партнер до сезона 2020/2021. Соработката меѓу Nissan и УЕФА датира од сезоната 2014/2015.
Од Nissan коментираат дека УЕФА лигата на шампионите продолжува да биде ударниот спортски настан на годишна база, каде вкупната публика е над 3,6 милијарди луѓе по сезона. Само финалето на 2017 година привлекло пред ТВ екраните над 160 милиони луѓе, повеќе од било кој друг спортски настан.
https://youtu.be/rPUpDiusAAU