Семејството Fiat 500 ја надмина бројката од три милиони продадени возила во Европа. Ова е најнов рекорд за една победничка гама која ја освои јавноста со иконата Fiat 500, градски автомобил во постојана потрага по стил и мобилност; повеќенаменскиот Fiat 500L, идеален за млади семејства и Fiat 500X, комплетно италијански кросовер со кој секојдневно се доживуваат “градски авантури”.
Семејството Fiat 500, инаку, достигнува успех на интернационално ниво: 62% од продажбата е регистрирана надвор од Италија и со тоа останува првиот пазар пред Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.
Јубилејниот Fiat 500 е кабрио верзија и “е облечен во облека” со ѕвездено бела боја, збогатена со розева нијанса, која совршено се прилагодува на ексклузивниот ентериер во комбинација на песочно-црна боја и елегантната обработка Matelassé (двослојна ткаенина проткаена со украсна нишка) со детали во екокожа и извезено лого 500 во бордо боја.