Ова е новото Peugeot 2008 (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ сегентот е многу важен во моментов во понудата на сите производители. Француски Peugeot ја претставија новата генерација на својот компактен кросовер 2008. Продажбата на новата 2008 ќе стартува кон крајот на оваа година, и автомобилот ќе се нуди со стандардните бензински и дизел мотори на брендот, но и во целосно електрична опција.

Новиот Peugeot 2008 е изграден на платформата CMP и има должина од 4.300 мм. Меѓуоскиното растојание е 2.600 мм, а благодарение на сето тоа, возило импресионира со пространа внатрешност и корисен багажник со волумен од 434 литри. Надворешно автомобилот дава впечаток како стандардните форми н абрендот, но во зависност од бојата може да изгледа сосема поинаква.

Внатрешноста има нови материјали, кои според Французите се многу подобри со иновативната холограма со инструменти што ги покажува податоците. На десната страна на овој панел е поставен десет инчен екран за мултимедијални и навигациски системи. Peugeot 2008 исто така има и полуавтоматски систем за управување, вклучувајќи систем за држење на лентата на движење, адаптивен круз контрол, автоматски паркинг и систем за препознавање на значите на патот.

Што се однесува до моторите, тие се трицилиндричен бензински и четири цилиндричен дизески агрегат. Бензинот има волумен од 1,2 литри, а дизел – 1,5 литри. Нивната моќност се движи од 100 до 155 коњски сили. Моторите ќе работат заедно со шестстепен мануелен менувач или со осум степенски автоматски менувач.

Електричната верзија има автономен досег од 310 километри и нејзината моќ е 136 коњи. Според производителот, батеријата ќе трае не помалку од осум години или 160.000 километри.

Електричниот Peugeot 2008 ќе се полни за 30 минути, а од домашната електрична мрежа за 16 часа. Продажбата ќе биде прво во Европа, по што моделот ќе биде лансиран и на други пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK