петок, 25 декември, 2025 година

На 23 август доаѓа кросоверот VW T-Roc (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Со кратко видео на целосно новиот модел T-Roc, Volkswagen најави дека светската премиера на овој кросовер ќе биде на 23 август. Пократок од VW Golf, но со идентичен конфор, кросоверот може да биде голема конкуренција не само на Nisan Juke туку и на моделот Golf.

Благодарение на видеото, Volkswagen открива неколку мали детали за новиот T-Roc, како тоа дека надворешноста ќе биде достапен во две бои, и дека дизајнот на централната конзола на ентериерот е инспириран од оној на мото кацигите.

- Advertisement -

Т-Roc е позициониран под моделот Tiguan, a новиот кросовер беше најавен и како концептно возило пред три години, и е на платформата на MQB, делејќи ја заедно со новите Seat Ibiza и VW Polo.

https://youtu.be/LRJMZpnXzDg

Задржувајќи ги сите детали за официјалното деби на новиот компактен кросовер, од компанијата споделуваат само уште тоа дека кај него ќе бидат употребени нови тапацири за седиштата слични на оние на домашни фотелји. На овој начин од Volkswagen ветуваат дека дури и при подолги патувања, возачот и неговите сопатници ќе се чувствуваат како дома.

На крајот на април Volkswagen го покажа првото видео на T-Roc и најави дека моделот ќе биде лансиран на европскиот пазар подоцна годинаа. Автомобилот ќе биде позициониран на пазарот под освежено верзија на Tiguan и како опција ќе се нуди во верзија со погон на сите четири тркала, како и со роботизирана DSG менувач.

Понудата на мотори ќе опфаќа три и четирицилиндрични бензински и дизелски мотороти, како 1.0L, 1.5L, 1.6L и 2.0L, во комбинација со мануелен менувач, или со DSG менувач.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја