Германскиот производител Volkswagen е сериозен во намерите да прерасне во најголем производител на електрични автомобили. За таа цел планира вертикална интеграција купувајќи дел од акциите на шведска компанија за произвдство на батерии.
Станува збор за компанијата Nortvolt AB која произведува батерии, но поседува и неколку постојки за производство на електрична енергија од алтернативни извори.
При тоа, според најавите, Volkswagen во оваа компанија ќе вложи 900 милиони евра за што ќе добие 20% од сопственоста на компанијата. Истовремено, преку официјално соопштение на германскиот производител, потврдено е дека двете компании ќе започнат со изградба на нова фабрика за производство на батерии во Слцигер, Германија.
Изградбата треба а почне во текот на следната година и да заврши најдоцна до 2024 година, а со самото ова, Volkswagen има за цел да ја зголеми достапноста до батерии кои се најнеопходниот компонент кај електричните автомобили.