Tesla со загуба од 702 милиони долари во првиот квартал годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Акционерите на Tesla немаат причини за задоволство, барем судејќи по финансискиот извештај за првите три месеци годинава.

Според ревидираниот финансиски извештај, во првиот квартал годинава забележа загуба од 702 милиони американски долари што е далеку од очекувањата како на Маск така и на останатите инвеститори.

Според извештајот, во првиот квартал приходите изнесувале 4.54 милијарди долари што е под очекуваните 5.2 милијарди долари. Овие бројки придонесуваат да е ова четврти најлош квартален резултат од почетокот на 2010 година.

Најголема причина за овој лош перформанс е проблемот околу логистиката при дистрибуцијата на новите автомобили што придонесе до одложувње на испораката што предизвика зголемени трошоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK