Секојдневно сме сведоци на бројни повлекување на дополнителен сервис на автомобили поради најразлични причини. Проблеми со мотори, со сензорите за воздушни перничиња, електричната инсталацијата се можеби најчестите проблеми.
Сепак, Mazda е приморана да повлече речиси 190.000 автомобили и тоа замислете, поради проблеми со бришачите.
Како што соопштуваат од американската национална администрација за безбедност во сообраќајот, компанијата испратила известување во кое е наведено дека ќе започне со повлекување на автомобили од моделот 3 произведени помеѓу 2016 до 2018 година. Повлекувањето ќе биде направено бесплатно, а во овластените сервиси ќе биде направена замена на модулот за предни бришачи.
Правила се правила, регулативи се регулативи па биле и премногу апсурдни или не.