Произведен првиот автомобил од новата генерација на Supra

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на компанијата Magna Steyr во австрискиот град Грац од лентите излезе првиот примерок од сериската продукција на моделот Supra на Toyota.

Станува збор за специјален примерок во мат сива боја со црвени ретровизори и црни алуминиумски фелни. Ентериерот е во црвена боја, а на автомобилот се наоѓа и потписот на претседателот на Toyota, Аки Тојода како и нумерацијата 20201 која го означува првиот примерок за моделот.

Овој автомобил претходно беше продаден на аукција за неверојатни 1,9 милиони евра што е за околу 40 пати повеќе од основната цена на моделот.

Што се однесува до самиот модел, овој е развиен во соработка со BMW и може да се пофали со 50/50 дистрибуција на тежината и значително помала тежина. Под хаубата се наоѓа 3.0 литарски шестцилиндрен мотор со 250 kW односно 340 КС и 500 Nm. Овој мотор доаѓа во комбинација со 8 степен автоматски менувач, а со ваквите технички карактеристики до 100-ка забрзува за 4,3 секунди додека пак максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK