Tesla Model 3 „растура“ и ги надмина конкурентите во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Новата ѕвезда на европскиот автомобилски пазар се вика Tesla Model 3, а резултатите од продажбите на стариот континент за февруари се објавени од страна на JATO Dynamics. Со 3.630 испорачани примероци, американскиот електромобил се најде пред веќе добро афирмирани возила како Renault Zoe (2.888) и Nissan Leaf (2.364).

Успехот на Tesla изгледа уште поимпресивен бидејќи Model 3 е доста поскап од понудата на француско-јапонската алијанса. Највпечатливо е тоа што според JATO Dynamics американскиот електромобил е не само најкупуваниот електромобил на Стариот континент, туку и најпродаваниот модел од премиум сегментот на средната класа надминувајќи ги Audi A4, BMW 3 и Mercedes-Benz C-Klasse.

„Tesla го потресе европскиот пазар. Колку ќе биде силен ударот зависи од тоа како ќе реагираат германските производители на луксузни автомобили, Volvo и Jaguar Land Rover и кога ќе ги пуштат во продажба своите електрични модели од средната класа“, вели аналитичарот на JATO Dynamics, Фелипе Муњос.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK