Fisker извади конкурент на Tesla Model Y

ОБЈАВЕНО НА:

Хенрик Фискер не успеа да се пробие на пазарот за луксузни електромобили, но не се откажа од амбицијата да продолжи да го „брка“ Елон Маск. Новата компанија на данскиот дизајнер и инвеститор Fisker Inc. ја рашири првата фотографија на електричниот кросовер, кој ќе се обиде да ги привлече потенцијалните купувачи на Model Y претставен минатата недела.

Електромобилот, кој сè уште нема име, следи слична конструкторска концепција. Има два електромотори, акумулаторен блок со капацитетот од 80 кВтч и може да помине 480 км со едно полнење и ќе чини околу  40.000 долари (35.297€).

Новиот Fisker ќе има подвижен кров, кој ќе може да се собира автоматски или да се демонтира целосно без тоа да се одразува на структурната цврстина на каросеријата. Компанијата ветува просторен внатрешен дел, огромен проекциски дипслеј и интелигентен интерфејс.

Кросоверот ќе добие „дизајнерски елементи, кои се карактеристични за супер автомобилите“. Хенрик Фискер ветува функционален прототип до крајот на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK