Британските возачи „им вртат грб“ на дизел моторите

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите во В.Британија се повеќе им вртат грб на дизелските мотори за сметка на еколошки прифатливи возила за околината.

Во првиот месец од годинава 174.564 нови возила биле регистрирани во В.Британија, најмногу од 2005 година досега. Од таа бројка 78.778 биле со дизелски агрегат што е намалување за 4,3 отсто во однос на истиот период лани.

Во меѓувреме продажбата на возила со бензински мотори пораснала за 8,9 отсто, додека продажбата на автомобили на алтернативен погон (електрични, хибридни и хидоген) пораснала за 19,9 отсто, од 6.072 на 7.279 возила.

Споредено со втората половина од ланската година, во В.Британија продажбата на дизелски агрегати опаднала во седум од последните осум месеци, а во декмеври тој пад бил за 6,8 отсто. Тоа го потврдува намалувањето на интересот за овие возила, особено по избивањето на аферата со Volkswagen.

Градоначалникот на Лондон размилсува да се приклучи на групата на градови од Европа кои исто така ќе забрани употреба на дизелски мотори во центарот на градот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK