Hyundai Sonata – спој на елеганција и технологија

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите погледи се насочени кон саемот во Женева, јужнокорејскиот производител Hyundai ги објави официјалните слики од моделот Sonata кој ќе дебитира на саемот во Њујорк во април годинава.

Премиерата на овој модел следи откако минатата година овој автомобил беше фатен како се тестира низ улиците во Јужна Кореа, а она што остави впечаток беше вградениот соларен панел на покривот на автомобилот. Спроед тогаш објавените информации благодарение на овој соларен панел, автомобилите се во можност на дневно ниво да поминат дополнителни 7 километри.

Во однос на актуелната генереација, новата осма генереација е за 45 мм подолга, а поголемо за 35 мм е и меѓуоскиното растојание што овозможува минимално зоглемување на внатрешноста во кабинскиот простор.

Hyundai Sonata

Дизајнот е инспириран од претходно претставениот концепт на Hyundai, Le Fil Rouge, а новитет во споредба со актуелната генерација е и тоа што оваа, нова генерација доаѓа со хибриден погон.

Драстично изменета е и внатрешноста каде централно е поставен екран осетлив на допир. Премиум изработката е забележителна уште на прв поглед, а тука се и специјално дизајнираните кожни седишта како и бројните можности кои се плод на технологијата која веќе неколку години активно самостојно ја развива Хѕундаи Моторс.

Hyundai Sonata

Sonata важи за еден од најпродаваните седани на Hyundai. За прв пат е воведен во 1985 година, а новата генерација доаѓа со цел да освои што е можно поголем пазарен удел на американскиот пазар.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK