По премиерата и комерцијализацијата на четвртата генерација од Focus, Ford ја претстави и ST изведбата од овој модел.
Покрај ST ознаката на предната решетка и задниот дел, благодарение на задните интегрирани издувни отвори, како и изменетите спојлери, има далеку поагресивен изглед од основната изведба.
Во поглед на моторите, во понудата се наоѓааат по еден бензински и дизелски мотор. Првиот е 2.3 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор со 280 КС и 420 Nm, а вториот 2.0 литарски турбо дизелски со 190 КС и 400 Nm. И двата доаѓаат во комбинација со шест степен мануелен и седум степе автоматски менувач.
https://youtu.be/EqGiTaUWrto
Продажбата на Ford Focus ST во Европа стартува на почетокот на ова лето, а во наредниот период ќе биде објавена и почетната цена.