недела, 25 декември, 2025 година

Паркирањето во Центар повторно е „опасно“ за невнимателните

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако повторно се раздвижија луѓето и се вратија на своите редовни обврски, се вратија и н астарите навики – да паркираат каде ќе стигнат, „на пет минути“, „за кратко“ и токму во тој краток период да заработат казна. Ова е особено изразено во Центар во Скопје.

Дел само казна, а дел морале да платат и за деблокирање на возилото зашто на истото му било поставено канџа. А тоа чини дополнително, во зависност од Зоната. Но, најскапо што можете да платите е 1.200 денари за канџа.

- Advertisement -

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти претпријатието, во периодот од 28 септември до 4 октомври 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на „ПОЦ“ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 158 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани

Кои се цените за паркирање, на кои паркинзи колку се плаќа, или колку чини ако ви стават блокатор на возилото можете да прочитате на сајтот на ПОЦ

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја