понеделник, 25 декември, 2025 година

Сте ја изгубиле или ви ја украле: Еве што ви е потребно за нова возачка дозвола

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Дупликат возачката дозвола се издава кога оригиналната возачка дозвола е изгубена или украдена. Барањето за издавање на дупликат возачка дозвола се поднесува лично во подрачните единици на Министерството за Внатрешни работи и кон барањето се приложува:

  • Барање
  • Важечка лична карта на увид.
  • Писмена изјава на возачот со краток опис за време и место на губењето на возачката дозвола
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 75,00 денари за објавување на изгубена патна исправа во „Службен весник на Република Македонија“ (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

Претходно, потребно е да се изврши телефонско закажување преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 кој е достапен само од фиксен телефон или електронски на termini.mvr.gv.mk. Ако се јавувате од мобилен телефон тогаш користете го бројот 072 92 92 92

- Advertisement -

Возачката дозвола во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а во итна постапка во рок од 2 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

Доколку возачот има навршено 70 години, има ограничување на важноста на возачката дозвола поради дравствена состојба или има Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д, ДЕ и Т категорија потребно е да достави и лекарско уверени за телесна и душевна способност.

Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:

  • пријава за возачка книшка
  • уплатница од 100,оо ден
  • фотокопија од лична карта
  • фотокопија од возачка дозвола
  • 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 см

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја