Како маслото го убива моторот во текот на зимата?

ОБЈАВЕНО НА:

Како што е добро познато, моќта на моторот зависи и од маслото, па затоа секој сопственик на атомобил треба добро да ги познава карактеристиките на овој толку важен елемент,. Ако неговите карактеристики не се во согласност со карактеристиките на моторот, тогаш проблемите можат да бидат многу сериозни. А во текот на зимата слични процеси се забрзуваат на патот.

Ако имате намера да го уништите моторот на вашиот автомобил, еден од најсигурните начини за тоа е да не дотурате масло или воопшто да не го менувате. Може и да сипете повеќе отколку треба и резултатот во крајна сметка ќе биде истиот.

Слично нешто може да се постигне и со сипување на масло кое не одговара на потребите, посочени од страна на производителот на соодветниот автомобил. На пример ако во текот на зимата во моторот се најде „летно“ масло.

Вискозитет

Тоа е најважната карактеристика на моторното масло, а тој е определува според класификацијата SAE. Ако продуктот за подмачкување е поредок тогаш тоа масло е поотпорно на негативните температури, но во исто време повеќе го троши моторот. При погусто масло се случува спротивното. Оттаму во текот на зимата летното масло ќе се згусти уште повеќе и ќе ги загуби корисните својства.

Како се определува вискозитетот?

Зимното масло се определува со буквата W (Winter), а бројката пред него ја покажува граничната температура при која се згуснува. За да се дознае при какви температури продуктор ќе се стврдне, треба од таа бројка да се извади 35. На пример, ако маслото е маркирано со W10 тогаш максималната дозволена температура за користење е -25 степени целзиусови (10-35= -25).

Летното масло се означува со индексот SAE50, каде бројките укажуваат на границата на температурата. Во случајот тоа е 45 степени по Целсиус. Условно кажано овој показател може да се определи со одземање на бројот 5 од покажаниот број на индексот. На пример, SAE 30. Тоа се 25 степени, а кај SAE 40 е 35 итн. За топло време се предлагаат осум типа на масло: 8, 12, 16, 20, 30, 40, 50, 60, а за зимата се 6 типа – 0W, 5W, 10W, 15W, 20W, 25W.

Се разбира, има и продукт за сите сезони. На ример маслото со ознака 0W-40 може да се користи на температури од -35 до +35 степени. Вакво масло нема да предизвика оштетување на моторот.

Квалитет на маслото

Секој производител на автомобили укажува не само на вискозитетот на маслото, кое клиентот треба да го користи, туку и на самата класа на продуктот. На пример: API SL/SM/SN или ACEA A3/A5. За обичниот корисник е тешко да ги дешифрира овие сложени кратенки, но ако сака моторот на возилото да му работи подолго време без проблеми е добро да ги спореди сите букви и бројки од кантичката со масло кое го купи, со оние од инструкциите на производителот на автомобилот.

Затоа и основното правило при смена на маслото е тоа да се купува од официјалните дилери на конкретниот автомобил. Таму тоа е поскапо, но маслото е едно од нештата во возилото, со кое не треба да с еправат компромиси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK