Volkswagen ја создава најголемата мрежа на електрични полначи во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски производител Volkswagen има цврсти намери во заземањето на лидерската позиција во поглед на електричните автомобили. Така по бројните инвестиции во производствени капацитети за електрични автомобили, Volkswagen веќе започна на создавање на потребната инфрструктура за непречено фукционирање на електричните автомобили.

Како што пренесува британски Економист, германскиот производител ќе изгради нешто над 2.400 постојки за полнење на електричните автомобили, а најголем дел од нив ќе се наоѓаат на 600те Tesco супермаркети низ Велика Британија.

Комплетирањето на планот се очекува да се случи во наредните три години со што Volkswagen ќе поседува најголем дел од постојките за полнење во Велика Британија. Претходно со ваков план излезе и во Германија каде овие постојки ќе бидат инсталирани на бројни јавни места.

Побрзо од што се очекуваше, иднината на електричните автомобили пристигнува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK