Во Германија никако да завршат скандалите поврзани со издувните гасови на дизел автомобилите. Ако во изминататагодина актуелни беа производителите во рамките на Volkswagen Групацијата, во најновата истрага погодени се Opel автомобилите.
Сега, Министерството за сообраќај на Германија нареди повлекување на речиси 100 илјади Opel автомобили. Оваа наредба произлегува од истрагата за издувни гасови од дизел автомобилите која го зафати и Opel.
Се започна на почетокот на годината кога тамошната агенција за моторни возила (KBA) во 2015 година откри четири софтверски програми кои може да го променат нивото на емисија на штетни гасови.
“Откако на почетокот на 2018 година се пронајдени и пет софтверски програми за кои во KBA утврдија дека се противзаконски, започна со истрага со цел утврдување на моделите Cascada, Insignia и Zafira кои ќе се бидат повлечени од сообраќајот” пишуваше меѓудругото во соопштението на Министерството.
Оттаму додаваат дека за ова е информирано и државното обвинителство во Франкфурт кое порано годинава започна и истрага. При тоа и локалната полиција и од Opel потврдија дека е направен претрес во канцелариите на германскиот производител, но и дека наскоро ќе се започне со повлекување на спорните автомобили.
Од Opel признале дека во 2016 година во моделот Zafira е вграден сфтвер кој под одредени услови го исклучува системот за управување со емисијата на штетни гасови. Иако тогаш тврдеа дека искористиле само дупка во законите, сепак денес, повикувајќи се на истите тие закони се приморани да ги повлечат спорните 100 илјади автомобили.