Десет чудни закони, кои треба да се знаат за пат низ Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Кога патувате надвор од земјата добро се знае дека секаде си има свои национални карактеристики. Тие се појавуваат и на патот независно што општо земано законите за возење се приближно еднакви насекаде низ Стариот континент. Сепак, не е лошо да се знае за нив за да нема потреба да се плаќаат огромни суми за казни.

Затоа еве неколку од законите кои се разликуваат низ земјите во Европа.

  1. Германија

Во оваа земја можете да возите зад воланот дури и во „костумот на Адам“ (гол) бидејќи возилото е ваша територија, како и ваша куќа. Проблемот се појавува ако излезете така од возилото. Тогаш казната може да достигне до 1000 евра!

  1. Италија

Доколку во автомобилот возите некои од миленичињата тогаш потребно е и тие да бидат врзани со ремените. Дури и доколку за нив имате куќичка морате истата да ја врзете добро со ремените.

  1. Швајцарија

Во земјата на кантоните внимателно се следи тишината за време на ноќниот одмор на граѓаните. Од 22 до 7 часот е забрането дури да се трескаат вратите од возилата или некоја од хаубите. Забрането е дури и турирање на моторот во место, како и гласна музика во автомобилот. Казната е неизбежна, а висината се определува според ситуацијата.

  1. Австрија

Во оваа земја на полицијата и е дозволно да ја определи брзината на движењето од око. Тие се тренирани да успеат да ги фаќаат преминувањата на границата на брзината на тој начин до +30 км/ч. Затоа во Австрија треба да внимавате не само на радарните замки на камерите туку насекаде каде има ограничување на брзината.

  1. Русија

Тука може да се имаат проблеми ако возилото е валкано. Тоа го одлучува сообраќајниот полицаец, а иако не е предвидена казна по законот, таа може да биде за валкан регистарски број – 500 рубљи, користење материјали, кои го отежнуваат идентификувањето на бројот 5000 и на крајот за загадување на сообраќајот од 5 до 10.000 рубљи.

  1. Англија

На магливиот остров возачот може да изврши мала нужда, но доколку се држи до одредени правила. Тој мора да е во близина на задната грума од возилото, а со десната рака треба да се потпира на автомобилот цело време додека трае процедурата. Во спротивно следува казна.

  1. Шведска

Во северното кралство не може да се остави возилото повеќе од пет дена на едно место независно од типот на паркинг. Веќе шестиот ден ризикувате да не го најдете возилото и да ја барате на некој од паркинците на пајак службата. Ако автомобилот е оставен на пат или на плоштад тогаш може да биде собран ден порано од петтиот.

  1. Словенија

Локалните полицајци го држат брзото плаќање на казите и тоа уште истиот ден. Ако задоцните тогаш ви ги земаат документите, ако, пак, продолжите да одолговлекувате можете да се најдете и во затвор. Во Словенија на жолто се запира задолжително, а не може да се прогледа низ прсти поради брзината.

  1. Хрватска

Тука е забрането превезување на гориво во туби, дури и доколку одите  во место каде во близина нема бензинска станица. Казната е многу голема.

  1. Данска

Тука можеби е најчудното правило. Возачот не е должен да ги пропушти пешаците дури и на „зебра“ бидејќи возилата имаат приоритет. Пешаците треба да чекаат без да навлегуваат на пешачкиот премин, додека не може безбедно да се помине улицата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK