Кинезите напаѓаат: Chery отвора дизајнерски центар во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Под полна пареа кинеските производители на автомобили ја спремаат офанзивата на Европа. Дека тоа е така говори и последната вест според која кинескиот производител Chery ќе отвори дизајнерски центар во Германија.

Chery важи за еден од најголемите кинески производители и извозници на автомобили, а амбициите се далеку од само најголем производител во Кина. Во минатото имаше неуспешни обиди за освојување на европскиот пазар, но новата стратегија за глобален бренд, според првиот човек на компанијата повлекува со себе некои неопходни чекори, а еден од нив е локализација на бизнис активностите во Европа.

“Ако Chery сака да прерасне во глобален бренд, мораме да одиме во Европа” изјави првиот човек на кинескиот производител Тонгју Јин. За таа цел најпрво во јануари беше формирана компанија во Германија под називот Chery Europe GmbH, а следната цел е отворањето на развоен и дизајнерски центар во оваа европска земја. Во моментов се работи на формирањето на овој центар кој ќе се наоѓа во Раунхајм, предградие на Франкфурт. Овој центар со работа ќе започне од следната година, а е клучен во експанзијата на Chery на овој пазар.

Во овој центар ќе се лоцираат активностите поврзани со дизајн, развој, маркетинг и продажба, активности кои во најголем дел ќе бидат фокусирани на европскиот пазар. Во иницијалната фаза ќе бидат вработени од 30 до 50 лица, а првата задача ќе им биде успешно лансирање на моделот Exeed TX кој ќе биде првиот Chery автомобил развиен за европскиот пазар.

Image result for Chery

Инаку Chery по Geely е вториот кинески производител кој активно работи на освојување на европскиот пазар. Geely во чија сопственост е Volvo преку брендот Lynk&Co веќе започна со имплементација на стратегијата за освојувања на европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK