Втората генерација на моделот RS Q5 на Audi добива нов моќен мотор. Како што соопштуваат од Инглоштад, овој модел ќе добие 2.9 литарски V6 битурбо мотор кој ќе располага со 450 КС.
Овој мотор веќе се користи кај Porsche Panamera, и е карактеристичен за Porsche моделите бидејќи иницијално е развиен и наменет за овие автомобили. Во пракса често се користи и кај спортските изведби на Audi.
Новиот мотор доаѓа со 8 степен автоматски Tiptronic менувач, а до 100кка ќе забрзува за 4.1 секунди додека максималната брзина која ќе може да ја постигне изнесува 260 км/ч.
Основниот модел на оваа втора генерација која беше премиерно претставена на саемот за автомобили во Париз во 2016 година веќе располага со 2.0 литарски TFSI мотор со 252 КС и 3.0 литарски TDI мотор со 282 КС.
Продажбата на RS Q5 со новиот мотор под хаубата ќе започне следната година.