понеделник, 25 декември, 2025 година

Во кои градови сообраќајниот шпиц е најлош?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кога е во прашање големата гужва во сообраќајот најлошиот град во Европа е Москва со нејзината околина. Во неа возачите минуваат речиси 60% од времето подолго во автомобилот во текот на шпицот отколку во текот на остатокот од денот, додека по истото мерило на светот најлош е индискиот град Бенгалар во кој патот од работа до дома трае околу 70% подолго отколку што би требало.

Компанијата Tom Tom International од Холандија го објави своето годишно истражување на најпрометните улици. Анализата опфатила 416 градови од 57 држави. Следен на глобалната листа на најпрометни градови е главниот град на Филипини, Манила (исто така со 71%), Богота (68%) и минатогодишниот „победник“ Мумбај (65%).

- Advertisement -

Зад московската област, најлоша ситуација во Европа се бележи во Истанбул (55%), Киев (53%), Букурешт (52%) и Санкт Петерсбург (49%). Според анализите околу 60% повеќе минато време во сообраќајот чини 225 дополнителни часови зад воланот или девет дена и девет часа секоја година.

TomTom системите за навигација ги користат преку 600 милиони возачи, со чии уреди се собираат податоци кои се користени во анализа. Според последните информации за 2019 година просечното време минато во сообраќајот во текот на шпицот се зголемува за 29%. Исто така гужвата во сообраќајот во текот на претходните десетина години е зголемен за 57% во градовите кои биле опфатени со анализата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја