Нов проблем за Volkswagen: После Дизелгејт се појави и Електрогејт!

ОБЈАВЕНО НА:

Големата бура која беше крената од во врска со Дизелгејт уште не е помината целосно кај најголемиот германски производител, а на хоризонтот веќе се појави нова, која се вика „Електрогејт“. Засега се работи за доста помал проблем, но со многу сериозна општествена опасност.

Овој пат за разлика од Дизелгејт, Volkswagen нема излажано никого, туку е жртва на доставувачот на услуги. Тоа не ја намалува сериозноста на проблемот за „волците“ бидејќи тие имаат критичко барање за услуги и поправка на повеќе од 124.000 батерии во автомобилите само во Европа. Проблемот е во тоа што кај батериите во голема количина го има канцерогениот метал кадмиум.

Засега проблемот ги засега сите акумулатори од моделите на Volkswagen од e-Golf до Passat GTE, како и хибридните модели на брендовите Audi и Porsche. VW се правда дека во документите за доставување не бил запишан канцерогениот метал. Не стои никаде името кадмиум. Сепак, според внатрешната истрага тосксичниот метал со години наназад се наоѓал во сериски произведените автомобили.

Во минатиот месец Volkswagen Group испратила писмо до Федералното асоцијација за автомобилски транспорт, а во него го пишува откритието, за содржаните 0,008 грама кадмиум во монтираните полначи во електромобилите и хибридните модели на конценрнот. Велат дека тој не претставува опасност за сопствениците на возилата бидејќи се наоѓал во дел од полначот. Сепак, се признава дека овој хемиски елемент може да биде причина за загадување на животната средина или да загрози нечие здравје при неправилно користење.

Во моментот во кој кадмиумот бил откриен, концернот го запре производството на сите модели на акумулатори. Го замени со друга компонента и го обнови произовдството на машините со сличен уред, но веќе без кадмиум.
После признанието на VW KBA, според авторитетното германско издание Wirtschafts Woche, веќе се бара Volkswagen да ги повика на сервис веќе продадените возила со спорниот елемент и да го замени со нов безопасен. Не се соопштува дали концернот ќе добие казна, со оглед на тоа што се случува одново после познатата историја со Дизелгејт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK