Ја чистел гаражата и нашол Lamborghini Countach старо 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

Што се можете да пронајдете во вашата гаража? Списанија, стара облека, играчки од детството, најразличен алат, дрес од вашиот омилен фудбалер, но и Lamborghini Countach.

Таква среќа имал еден корисник на Reddit кој во гаражата на својата баба пронашол Lamborghini Countach. Овој автомобил повеќе од 20 години се наоѓа во таа гаража, а се започнало на почетокот на 80-те години од минатиот век. Тогаш неговиот дедо започнал бизнис со рентање на автомобили. Сепак поради економската криза овие години и високото осигурување тој морал брзо да се откаже од овој бизнис, а единствено нешто што останало е овој автомобил и Ferrari 308.

Сиот овој период, автомобилot собирал прашина, а поради годините, одредени работи како што се гумите се целосно оштетени.

Вредноста на овој автомобил се проценува нешто над 300 илјади американски долари, а за овој износ добивате 4.8 литарски V12 мотор. Секако тука е и 20 годишната прашина, а целосна реставрација на овој автомобил ќе ви бидат потреби околу 250 илјади долари.

Countach ѕа прв пат се појавува во 1970 година. Инспирацијата Марцело Гандини и Паоло Станцани во дизајнирањето на овој автомобил ја добиле од концептот Lancia Stratos Zero. Четири години подоцна овој модел влегува во сериско производство, а се до 1990 година произведени се вкупно 2.049 примероци.

Моделски наследник на овој модел е Lamborghini Diablo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK