Во Хрватска се продаваат горива со нови ознаки

ОБЈАВЕНО НА:

Ако патувате во Хрватска не треба да бидете изненадени доколку застанете на некоја бензинска пумпа и забележите нови ознаки. Тоа не значи некоја голема разлика, но секако за самите возачи полесно распознавање што всушност ставаат во резервоарот на возилото.

Согласно директивите на Европската Унија и обврската на Хрватска за почитување на истите, новите ознаки кои се поставуваат на бензиските станици ќе имаат информација околу степенот т.е. процентот на биогориво во самото гориво.

Директивата наложува од 12 ноември сите бензински станици да имаат вакви ознаки, во спротивно предвидени се соодветни казни. Ознаките се однесуваат за сите типови на гориво, бензин и дизел, но и плин и метан.

На сегашните бензини изразени во октани, ќе стои ознака која започнува со буквата “Е” која се однесува како и бројка која ќе ја одразува количината во процент на биоетанол. Така бензинот од 95 октани со 5% биоетанол ќе ја има ознаката Е5. Доколку процнтот на биоетанол се движи од 5 до 10% тогаш ознаката ќе биде Е10, а за бензинот со 100 октани и 5% биоетанол ознаката е Е5.

Дизел горивото со 7% биодизел ќе ја има ознаката В7. Доколку количината на биодизел се движи во рамките од 7% до 10% тогаш ќе ја има ознаката В10 додека пак дизелот со 100% биодизел ќе ја има ознаката В100.

Izgled i sadržaj dodatnih, neobaveznih informacija na mjernom uređaju za prodaju dizelskih goriva.

Новите ознаки ќе бидат поставени во непосредна близина на самата пумпа, а прирачници и други материјали поврзани со едукацијата на возачите ќе бидат дистрибуирани во сите нови возила кои се продаваат на територијата на Хрватска како и кај самите дистрибутери на возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK