Многу често сопствениците на кучиња се невнимателни и не ги обезбедуваат своите миленици во автомобилот правилно. Тоа не е невообичаено, а тоа го покажува и студијата направена од AutoScout24.
Повеќе од секој трет сопственик на автомобили редовно вози кучиња. Сепак, не секој внимава на неопходните мерки за нивната и своја безбедност. Секој петти не обезбедува доволно засштита за своето куче и на тој начин ризикува повреди за животното, несреќи и казни (во Германија). При проучувањето на ова прашање Innofact анкетираше 1000 сопственици на автомобили од Германија.
Важноста на темата станува јасна, кога ќе се дознае колку возачи патуваат со кучиња. Според анкетата на AutoScout24, 37 проценти од сопствениците на автомобили велат дека секој пат тргнуваат со своите миленици на пат. Најпопуларниот начин на Германците да ги транспортираат своите крзнени миленици е и најбезбедниот. Околу 30 проценти ги носат во затворена транспортна кутија во багажникот.
Исто така популарен е и механичкиот граничник од багажникот кој ги дели патниците од милениците. За жал, речиси осум проценти го оставаат своето куче да седи во багажникот без кутија за транспорт или граничник. Тоа не е забрането, но тоа е дефинитивно опасно. Ако кучето гледа над задното седиште, како што е речиси секогаш случај, може да биде исфрлено напред во случај на несреќа. Тестовите со кукли покажаа дека животноро станува опасен проектил, кој ги загрозува животите и екстремитетите на патниците.









