Поради електричните возила: Германија ја ограничува брзината на автопатиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот автомобил и автономното возење има општ недостаток, а тоа е дека не се погодни за големи брзини. Поради сè поголемото уверување дека тие се иднината на автомобилската индустрија, Германија ќе ја ограничи брзината на своите автопати.

Прашањето дали треба да има ограничување на брзината на германските автопати предизвика жестоки дискусии.

Анкетите покажуваат дека пола од испитаниците се со поддршка, а другата половина се против воведувањето на новиот бренд. Ако зависеше од „Зелените“ максималната дозволена брзина ќе беше само 80 км/ч.

Со поглед кон иднината на автономниот автобус, специјалниот статус на Германија односно „слободното“ возење по автопатите ќе остане во минато. Причините за тоа се две: Електрична мобилност и автоматско возење.

Електричните автомобили работат со исклучително висока ефективност. При ниски брзини кога моторите со внатрешно согорување се екстремно неефикасни, предноста на електромоторите е особено голема. При големи брзини и товар, таа предност се намалува бидејќи расходот на енергијата се зголемува.

Кај Tesla Model S пример мое да се вози до 334 километри со едно полење при брзина од 90 км/ч. Максималниот број на километри се намалува на 255 при брзина од 110 км/ч, додека при брзина од 130 км/ч дистанцата доаѓа до 199 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK