Kia повторно најдобро оценета марка

ОБЈАВЕНО НА:

По четврти пат по ред, Kia повторно е најдобро оценета марка. Според резултатите на студијата на J.D. Power за 2018 година, за почетното задоволство на купувачите на новите автомобили во непремиум класата.

Спроед резултатите на оваа студија, на продадени 100 нови автомобили биле пријавени само 72 проблеми. Kia на оваа позиција се најде благодарение на одличните резултати на големиот спортски теренец Sorento и малиот градски автомобил Rio кои покажаа неверојатно добри резултати и се најдоа на првата позиција во својата класа. Останатите модели како што се Optima, Sportage и Sedona се најдоа на високото второ место што севкупно придонесе Kia да ја добие оваа награда и оваа година.

“Два победника и пет дополнителни модели на првите три места во поединечните категории се доволен доказ за напредокот на Kia и фокусираноста на исклучително корисничко искуство” изјави Мајкл Кол, извршниот директор на Kia за Америка.

Инаку јужнокорејскиот производител ова престижно признание го добиваше и во претходните три години односно 2015, 2016 и 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK