Том Круз „летна“ со најбрзиот Kawasaki Ninja H2R (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Папараци успеаја да го уловат популарниот актер Том Круз на Kawasaki Ninja H2R при снимањето на продолжението на култниот филм „Топ Ган“.

Во оригиналниот филм во 1986 година, кога Том Круз го толкуваше воениот пилот, Пит Мичел – „Маверик“ тој возеше мотоцикл од истата марка. Во тоа време Kawasaki GPz 900R Ninja беше еден од најбрзите мотори на планетата.

Ninja H2R е верзија за трки на Ninja H2. Има компресорен 4-цилиндричен мотор со обем од 998 см3 и со зголемена моќност од 215 на 326 коњски сили. Дополнителни се двете антикрила место огледала.

Од Kawasaki не ги соопштуваат динамичните карактеристики на моторот, но според она што може да се утврди тој забрзува од 0 до 100 км/ч за 1,5 секунда, а може да достигне до 400 км/ч.

Вториот дел од „Топ Ган“ се очекува да се појави на филмското платно во текот на летото во 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK