Lucid Motors со моделот Air ја напаѓа Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Откако се појави Tesla, многумина сакаат да направат подобро возило со кое ќе го предизвикаат американскиот производител кој бележи одлични резултати. Новиот предизвикувач се вика Lucid Motors кој само што го отргна превезот од новиот модел неречен Air.

Последниве месеци повеќепати имаше најави за изгледот на Lucid Air, кој треба да биде директен конкурент на Tesla Model S. Цената на Lucid Air треба да се движи околу 160.000 долари во САД, и не е воопшто евтин, но затоа ветува многу.

За почеток Lucid Air ќе биде премен со два електро мотори, еден на предните тркала, а еден на задните, со вкупна сила од 1.000 КС. Купувачите ќе имаа избор на батерија од 100 kWh или 130 kWh, што би требало да овозможи досег од 400 милји.

Слично како и Model S P100D, и двата електромотори на Air го прават извонредно брз на кратко растојание, односно за спринт. Компанијата тврди дека до 60 милји на час (96 км/ч) моделот забрзува за 2,5 секунди, идентично како и P100D.

Air се уште го нема во продукциска верзија, па ова се само концептни фотографии и прототипот прикажан на јавноста барем во внатрешноста имаше доста футуристички решенија и гламурозен изглед. Истото се однесува и за надворешниот изглед и особено впечатливи се предните светла со ЛЕД светла и вертикални сијалички како дневни светла.

Во Air има и панорамски стаклен кров и ветробранско стакло што се протега над главата на возачот, не толку различен од Tesla Model X. Во задниот дел има проширена линија на покривот со цел да има повеќе простор во внатрешноста.

Дизајнот на внатрешноста е направен да биде богат. задните седишта се со кожа и стакло, а токму на задниот дел има и доста интерактивни дисплеи. На предниот дел ќе најдете минималистичка табала на која доминираат два екрана.

На пазарот моделите ќе се нудат во 2018 година и првите 250 возила ќе бидат со целосна опрема, и цената ќе биде околу 160.000 долари. Резервациите се отворени со оставање депозит од 25.000 долари. Откако прво ќе се понудат топ верзиите ќе може да се нарачаат и поевтини модели со помалку футуристичка опрема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK