Саемот во Париз го пропуштаат 15 познати брендови

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на автомобилски брендови кои ќе го пропуштат меѓународниот саем во Париз се зголемува постојано и во моментов има стигнато до 15. Последни на овој список се најдоа компаниите Alfa Romero, Fiat и Jeep, а тоа стана јасно откако нивните раководства ја објавија одлуката.

Саемот ќе се одржи од 2 до 14 октомври, а иако три бренда од концернот Fiat Chrysler Automobiles одлучија да не ги изложуваат своите модели во Париз другите два Maserati и Ferrari, сепак, одлучија да учествуваат.

Порано учеството на саемот во Париз го откажаа Nissan, Volkswagen (сепак, таму ќе бидат Audi, Porsche, Seat и Skoda), Volvo, Opel, Mazda, Infiniti, Mitsubishi, Subaru, Ford, DS Automobiles, Rolls-Royce и Aston Martin.

Имаше најави дека саемот ќе го пропушти и Lamborghini, но според официјалниот сајт донесена е одлука да се учествува.

Компаниите Audi, Mercedes-Benz и BMW одлучија да го пропуштат саемот во Детроит кои треба да се одржи во јануари следната година. Место таму тројката од Германија донесе одлука да ги претстави своите нови модели на саемот за корисничка електроника (CES) во Лас Вегас.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK