Автомобилот кој се нарекува Davis D-2 Divan има 3 тркала, 2 врати и 1 седиште. Тоа е возило кое се појави првпат во 1947 година, а од него беа произведени само 13 примероци.
Ова возило е опремено со четирицилиндричен мотор Hercules, а моќноста е 47 коњски сили.
Подоцна имаше монтирање и на нешто помоќен агрегат Continental со 63 коњски сили. Менувачот е механички со три степени, Borg-Warner.
Овој чуден автомобил беше изработуван од Davis Motorcar Company во периодот од 1947 до 1949 година. Возилото со три тркала има место за двајца и е кабриолет, но има опција и за обичен кров.