Револуција: Електромобилите ќе се полнат во движење од асфалтот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шведска почнува со пилот проект, кој вклучува тестирање на пат со должина од два километри, а истиот пат е способен да го полни акумулаторот на електричните автомобили во движење. На патот се вградени специјални шини кои електромобилито може да ги поврзе со кабли. Откако тој дел од патот ќе заврши тогаш контактот за полнење се исклучува автоматски.

Во државата од Скандинавија планираат во следните 12 години да ја намалат зависноста на траспортот од горивата за околу 70 проценти, па затоа во моментов се работи на популаризација на електромобилите. Покрај тоа се разработуваат и проекти за електрификација на патиштата.

За да дејствува нормално системот за електрификација е доволно да се опремат со специјални шини за полнење само пет проценти од патиштата, а истите треба да ги има на располагање на секои 40 километри.

Еден километар од таа траса чини околу еден милион евра. Тоа е десетпати поефтино од идентична пантографска површина адаптирана за линија на трамвај.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK