За шест години во Македонија за 130.000 се зголемил бројот на регистрирани возила

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2012 година па заклучно со 2018 година бројот на регистирани возила во Макеоднија се зголеми за 132.030. Така, во 2012 година биле регистрирани вкупно 345.320 возила, а веќе следната година има драстично зголемува за 58.019 возила.

Најголем број на возила се регистрирани минатата календарска година и тоа 477.350 возила. За жал, ДЗС нема бројка за тоа колку од овие возила се регистрираат за прв пат односно се нови, а колку се половни, но прв пат се регистрираат во Македонија.

Исто така ДЗС нема објавено сеуште официјални податоцi за 2019 година, но ако се користат вкрстените податоци на Царинската Управа тогаш може да се заклучи дека и минатата година продолжил трендот на зголемување на бројот на регистрирани возила.

Во следната табела се прикажани податоци за бројот на регистрирани возила, по години, од 2012 до 2018 година.

Година Бр. регистрирани возила
2012 345.320
2013 403.339
2014 429.262
2015 442.962
2016 443.638
2017 446.221
2018 477.350

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK