Горивата повторно поскапуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска горивата повторно ќе имаат нова цена, која ќе биде повисока во однос на претходната недела, за 1,5 денари односно за 2 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар, и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK