Уште еден електричен автомобил се запали

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од ден на ден бројот на електрични автомобили низ улиците значително се зголемува, но со самото тоа се чини излегуваат на површина и сите недостатоци.

По неколкуте само-запалени Tesla автомобили, но и неколку друго од останатите брендови, од Русија доаѓа вест според која во сообраќајна незгода во целост изгоре Tesla автомобил.

- Advertisement -

Како што пренесуваат руските медиуми, на московската обиколница се судриле возило за шлепање и Tesla, а веднаш по сударот електричниот автомобил почнал да гори. Иако пожарникарите стигнале релативно брзо, сепак автомобилот во целост изгорел.

Возачот од автомобилот се наоѓа во критична состојба и е на интензивна нега додека неговите две деца кои исто така биле во авотмобилот се здобиле со полесни повреди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја